КОРИСНИ СОВЕТИ:

За правилно одржувње на базенот и зредава вода, проследете ги долунаведените наслови.

Се што е потребно да знаете за вашиот базен.


ph downpH вредноста, покажува дали водата има алкален или киселински карактер и во кој обем содржи алкални и киселински рекации. pH скалата се движи од О (најсилна киселина) до 7 (неутрализирачка) и од 7 до 14 (најсилни алкали). Доколку pH вредноста е под нивото 7,2 , постои опасност од кородирање на сите метални делови во инсталацијата. При вредности на pH повисоки од 7,6 постои опасност од оштетувања на мукусот во телото и очите; се зголемува таложењето на бигор на дното на базенот и во инсталацијата; значително се намалува дезинфекциската моќ и влијанието на хлорот. Затоа е од исклучителна важност да се знаат карактеристиките на водата со која се полни базенот.Од моментот на полнењето, треба почесто да се контролира pH вредноста на водата . Доколку pH вредноста се искачи над 7,6, се прпорачува користење на pH-Доњн киселина во форма на прашок кој е доста сигурен при употребата. Процесот на неутрализација се врши чекор по чекор - успорено. pH контролите и пХ-Доњн додатокот треба да се применуваат редовно, односно во одредени периоди. Во случај кога водата со која се полни базенот е мека, ситуацијата е поедноставна: пХ вредноста е обично под 7 така што со додавањето на pH-УП кој е во форма на алкална сол лесно се постигнува pH вредност од 7,2 .


algeaKnokoutМувлата е микроорганизам кој произведува мртви материи, карбондиоксиди и органски материи од водата. Се размножува со спорите кои се пренесуваат со прашината во воздухот. Многу лесно влегува во секој базен, вклучувајќи ги и затворените, поради што се препорачува редовна употреба на средства со кои ќе се оневозможи нивното развивање. Имајќи предвид дека многу видови мувла се отпорни на хлор, специјално за оваа намена САНТЕМ го разви својот производ ALGEAKNOCKUT. ALGEAKNOCKOUT не содржи хлор, бром или кој и да е друг токсичен тежок метал, а при употреба според упатството, нема никакви негативни влијанија врз кожата на телото. Се додава веднаш по полнењето на базенот. Користењето во препорачаните дози и периоди, претставува сигурен начин на ослободување на базенот од мувлата.

SuperchlorineБазенот за пливање е поволна средина за развој на микроорганизми како што се бактерии и габи.Затоа, од исклучителна важност е да се најде решение за уништување на микроорганизмите, односно за дезинфекција на водата, задача што успешно ја реализираат производите создадени на база на хлор. Развојот на стабилни хлорни производи, не се ограничува само на сигурноста при нивната, туку овозможува подобро и поефикасно користење на постоечкиот хлор. Овие производи претставуваат тврди соединенија на хлор, а на пазарот се среќаваат со следниве имиња: Superchlorine fast таб и Chloritab теблети, како и Superchlorine гранули. Содржат висок активен хлор што создава раствор без остатоци, притоа не менувајќи ги хемиските карактеристики на водата. Овие препарати немаат негативно влијание врз pH вредноста и овозможуваат долготрајна стабилност на хлорот и во услови на силно сонце и високи температури на водата. Како алтернатива на хлорот, која водата ја снабдува со активен кислород е производот Сантем oxs. Дезинфекцијата на водата и оксидацијата на органските нечистотии це врши цо активен кислород. На овој начин, трите основни активности - контролата на pH вредноста, уништувањето на мувлата и дезинфекцијата/оксидацијата- можат да се поврзат со трите претходно спомнати методи за одржување на водата.

  • ANTIALGEA-Метода
  • CHLORLAB метода
  • SANTEMOX метода

antialgeaХлорирање на краток рок, (Antialgea метода - повремен третман) значи безбедно пливање во вода без хлор. Во базените кои се користат исклучиво од членови на едно семејство, минимален е ризикот од инфекција. Затоа, нема потреба од одржување на одредено ниво на хлор во водата и во ваков случај основна работа во одржувањето на водата во базенот е спречувањето на создавањето мувла. Со употребата на ALGEAKNOCKOUT или ANTIALGEA, во препорачана доза, се спречува создавањето на мувлата. Користењето на неколку Superchlorinefast таблети или на Superchlorine гранули во одредени периоди условува оксидација и дезинфекција на органските материи во водата на базенот. Доколку теблетите (или Superchlorine гранулите) се употребуваат навечер, хлорот ќе дејствува во текот на ноќта и постепено ќе исчезнува. Следниот ден капачите можат да уживаат пливајќи во вода без хлор.


chloritabРедовното хлорирање (ChloriTab методота - постојан третман) подразбира здраво и релаксирано пливање во вода која е постојано дезинфицирана. Во базените во кои има повеќе капачи, присутен е ризикот од инфекции. Поради тоа, за ваквите базени исто како и за базените отворени за јавност, се препорачува постојано и ефективно дезинфицирање на водата. Откако ќе се контролира и регулира pH вредноста на водата и откако во водата е ставена Algeaknockout ® против мувла, со употреба на Суперцхлорине таб или Суперцхлорине, нивото на слободниот хлор се зголемува на средна вредност од 0.5-1.0 ппм (мг/лт). Потоа можат да се употребат Chloritab таблетата, Цхлортаб апаратот за дозирање GW хлоринатор или Сантем плутача. Chlortab таблетите, поради својството на бавното топење, ја снабдуваат водата со слободен хлор во период од една до две недели. Нивото на слободен хлор во водата се одржува во одредени константни граници.


santemoxКраткотрајниот третман со активен кислород (Santwmox метода), подразбира здраво и релаксирано пливање во вода која е дезинфицирана и прочистена по пат на оксидација. Santemoxs е нов производ кој испушта активен кислород и на тој начин ја заменува работата на хлорот кој се употребува во другите методи. Зголеменото присуство на хлор во водата, како резултат на неконтролирана или погрешна употреба, доведува до создавање на соединение од азот и хлор наречено Hloramin. За дезинфекција и оксидација, Santemoxs таблетите треба да се користат еднаш неделно, со определени паузи и тоа поставувени во GW плутача или пак во Скиммер кошница. Santemoxs треба да се употребува заедно со второто соединение на системот. Сантемплус го прави активен кислородод кој се наоѓа во цхлортаб таблетите и воедно ја спречува појавата на мувла.

 

fastflockСпречување на заматувањето во филтерите за песок со користење Fastflock: Најчеста причина за матната вода се ситните честички кои филтрите не можат да ги задржат. Способноста на филтрите за задржување на ваквите нечистотии може да се зајакне со употреба на одредени хемиски средства. Овој третман подразбира додавање на Fastflock агенсот за флокулација (згрутчување) откако филтерот ќе се прочисти од спротивната страна. Во зависност од големината на филтерот, додека работи пумпата за циркулација, се додава потребното количество Фастфлоцк во внатршноста на Скиммерот (доколку го има), или, на местото каде што се спојуваат пумпата и филтерот. Филтерот создавајќи еден слој на флокулант во лежиштето за песок, ги филтрира многу ситните наслаги кои се наоѓаат во водата на базенот. Едновремено, овој слој на флокулант ги усисува страните предмети растворени во водата и ги задржува во филтерот.

autchlorАвтоматско дозирање на хлорот: Chloritab таблетите како и G 10 уредот кој се корити за автоматско и постојано дозирање на хлорот (или хлоринаторите кои на пазарот се продаваат под различни имиња) работат на принцип на директно дозирање на хлорот во кружниот тек на филтрирање. Она по што овој систем се разликува во споредба со другите системи за дозирање што се наоѓаат на пазарот, е тоа што тука не се присутни никакви механички или електронски соединенија кои би можеле лесно да предизвикаат дефект во системот.

Стабилизирање на хлорот : Со додавањето на Stabichloran таблетите во базенската вода, се постигнува стабилизирање на хлорот кој се наоѓа во водата. Односно, Стабицхлоран таблетите го спречуваат испарувањето на хлорот при високи температури и под дејство на јаките сончеви зраци.

filter1Во принцип, филтерите кои се користат во базените најмалку еднаш неделно се прочистуваат и тоа од спротивната насока (бацк-њасх) и се сушат, со цел да се отстранат нечистотиите наталожени за време на филтрирањето. Поради таложење на бигор во филтерот, се создаваат канали и пукнатини во филтерот поради кои, при брзиот проток на водата, се губи способноста за задржување на нечистотиите. За спречување на ваквата појава, се употребува Сандцлеанер во песочните филтери и со одредени паузи це прочистува наталожениот бигор. Постапката се повторува на секое второ или трето прочистување на филтерот во спротивната насока.

• Постојано одржување на филтрите (Песочни филтри) На секое трето трето прочистување на филтерот во спротивната насока и сушење на филтерот, се препорачува употреба на Сандцлеанер во внатрешноста на Скиммерот (доколку го има), или, на предниот филтер на пумпата. Филтерот се доведува до позиција сушење (Ринсе) и се држи отворен додека Сандцлеанер навлегува во филтерот, за потоа да се затвори . По околу еден час, измијте го филтерот од спротивната насока и исушете го.

filter2• Интензивно одржување на филтерот: Еднаш или два пати годишно, се отвора резервоарот на филтерот и во него се става 10 % Сандцлеанер разградувач. За да целосен ефект, се остава да делува десетина часови , односно една ноќ. Потоа, филтерот це прочистува во спротивната насока. Со оваа процедура се чисти филтерот , а филтрираната средина ќе биде дезинфикувана, со што се спречува создавањето бактерии во самиот филтер.

Дезинфекција на површината / Обезбедување заштита на нозете на спортистите Влажните површини во просториите со висока температура се идеална средина за појава и размножување на бактерии, габи и вируси поради што понекогаш е поголема можноста за заболување од површините околу базенот, отколку од водата во базенот. Како најопасни заболувања се сметаат габите на нозете и вирусите. За превенција, на местата каде што капачите газат, лежат или седат, се нанесува Џероцид средство за дезинфекција. На нанесената површина Џероцид создава заштитен слој кој делува долго време, а не е штетен за човечката кожа.

cleanerЕден од условите за здрава вода во базенот е чистење на испразнетиот базен најмалку еднаш годишно, со одредени паузи. Ова важи како за отворените, така и за затворените базени. Одржувањето чиста водата подразбира и чистење на дното и на ѕидовите на базенот, за тие да не станат живеалиште на бактериите и на мувлата, место на нечистотии и на бигор.

• Големо чистење (пролетно чистење): За идеално чистење на испразнетиот базен потребно е користење на Pool Surface Cleaner. Ова течно средство за чистење делува на тој начин што ги отстранува бигорот и другите нечистотии, без притоа да предизвика какво и да е оштетување на површините на базенот. Средството се нанесува со обична cleanerили платнена четка, за по дејствувањето да се одмие со обична вода. Површините од винил, или оние почуствителните, можат да се чистат и со Adisan.

Стабилизирање на температурата на водата: Топлината на водата во базенот може да се одржува и со спречување на испарувањето. (Од вкупното губење на топлина, 85 до 90% се должат на испарувања). Ова се постигнува или со покривање на базенот, или со употреба на Стабитхерм течниот агенс, кој го спречува испарувањето.


phtesterКарактеристиките на водата можат да се контролираат со различни лесно употребливи уреди за тестирање:
• Уред за тестирање на pH вредноста и на нивото на хлор;
• Контрола на количеството на Santemox: : уред за тестирање на pH вредноста и Santemchlor;
• Професионални уреди за тестирање со широк обем на зафатнина: Уреди за анализа на водата; Сите овие уреди можат да се најдат во каталогот на производи на САНТЕМ


Дури и во најдобро одржуваната базенска вода, можна е појава на остатоци од сол кои не се отстрануваат хемиски или со филтрирање. Остатоците од сол се отстрануваат едноствено цо менување на водата. Поради тоа, без оглед дали изгледа многу чиста, водата во базенот е потребно да се менува најмалку еднаш годишно. За отворените базени најпогодно време за тоа е пролетниот период. Откако базенот ќе се исчисти со “Санилон”, потребно е да се измие, ѕидовите и подот да се испрскаат цо Antialgea од 1% или Algeacknokout, за потоа да се остави базенот да се исуши. На овој начин се создава заштитен слој со дезинфекционо дејство кој оневозможува создавање на мувлата и го намалува бигорот.

ph downРегулирање на pH вредноста pH-Down за намалување на pH вредноста pH-Up за зголемување на pH вредноста

Употребата на двата производа е крајно безбедна: употребата во определени количества не ја оштетува кожата и не предизвикува корозија.

Уред за тестирање на pH вредноста и нивото на хлор Llovibond CL & PH Tool Се употребува за едноставна но прецизна контрола на нивото на хлор и на пХ вредноста во водата.

Уништување на мувлата

Fastflock К / Fastflock super
flastflock
Го спречува заматувањето на водата. Овозможува филтрирање на ситните честички во водата и ја зголемува ефикасноста на песочните филтри.

За одржување на базенот во зимскиот период

Antialgea или Algeakonckout
algeaKnokout
Долготраен уништувач кој ја одржува водата чиста. Нема никакво штетно дејство врз кожата. Не содржи хлор, бром или токсин.

Antialgea Jet или Algeakonckout Jet
algeaKnokout
Има подеднакво дејство како Десалгин-от и се користи во базени со спротивен проток или кои употребуваат Кизелгур филтри.

Suerchlorine
ph down
Гранули на хлор за брза дезинфиција.

Chlortab
chloritab
Големи таблети од хлор за долготрајна дезинфекција.

Stabichloran
stabicloran
Таблети за стабилизирање на нивото на хлорот во водата. Го спречуваат раното испарување на хлорот од водата.

Wintertime
wintertime
Ги заштитува отворените базени во текот на зимскиот период и ја спречува појавата на мувла, бактерии и габи во водата. Намалувајќи го таложењето на бигорот, овозможува лесно пролетно чистење.

Друга опрема
autochlor
Content 8Chloring апарат за дозирање Г10

Апарат за дозирање на постојана долготрајна дезинфекција во базени до 100 м3ле.

Таблета плутача
tab
Таблети за дезинфекција кои бавно се топат, посебно за во Ultrachlorin Piccolo.

Термометар
termometer
Се користи за мерење на топлината на водата во базенот, на 30 см под нивото на површината. Овој термометар може да се чита и од предната и од задната страна, без притоа да се вади од водата.

 


Базени



За превземање на каталогот: со десен клик изберете "Save target As"





Copyright ©2007 www.santem.com.mk