ОПРЕМА ЗА БАЗЕНИ

Под поимот базенске опреме се опфатени низа уреди, инсталации и прибор чија цел е одржување на базенската вода чиста, нејзино загревање, создавање водени и подводни ефекти, контрола, надзор и регулација на базенската опрема и нејзина заштита.
Претставувањето на базенската опрема и техника почнува со основните вградени елементи и уреди за филтрирање како минимум за успјешно одржување на квалитетот на водата на што се надоврзуваат уредите за циркулација и догревање, подводната расвета, автоматските дозатори за хемиски препарати, па се до уредите за подводни ефекти за приватните и јавни базени.
•
МАШИНСКИ ДЕЛ : Откако го одбравте “својот” иден базен, првиот нареден чекор е од стручен тим да побарате пресметка за циркулација на водата како основа за капацитетот на машинскиот дел. Тој подразбира вградување на елементите за циркулација на водата и на нејзина филтрација;
• ЗАВРШЕН ДЕЛ НА
ИЗГРАДБА - поставување плочки или лајнер фолија;
• ВГРАДУВАЊЕ РЕКВИЗИТИ - скали, тушеви, уреди за осветлување и озвучување, како и за водени игри и џет апарати;
• ОДРЖУВАЊЕ,ЧИСТЕЊЕ,
ДЕЗИНФЕКЦИЈА: употреба на дезинфекциони средства за одржување бистра и чиста вода, како и употреба на чистачи: Dolphin роботи и усисивачи;
• ПРЕКРИВКИ ЗА ЗАШТИТА
УРЕДИ ЗА ФИЛТРИРАЊЕ:
Уредите за филтрање служат за механичко пречистување на водата. Според намената, се делат на филтрациони уреди за семејни и за јавни базени. Основната разлика е во пропишаната висината на филтрациониот столб која за јавните базени е минимум 900мм. При пресметката на капацитетот на уредот за филтрирање се земаат предвид обликот на базенот, бројот на капачите, како и распоредот на елементите за циркулација на водата. Основниот принцип за определување на потребниот капацитет на овој уред е за 12 часа работа, два до три пати да ја исфилтрира целата вода.
ЕЛЕМЕНТИ ЗА ЦИРКУЛАЦИЈА НА ВОДАТА
Елементите за циркулација се делат во две основни групи: • Уредите за усисување што ја носат водата од базенот во филтерите; • Издувните елементи што ја враќаат филтрираната, кондиционирана вода во базенот; Нивното сместување и бројот зависат од длабочината и обликот на базенот, како и од силата на филтрациониот уред. Целта на вградувањето на усисните дизни е да ги придвижи сите слоеви вода за да не дозволи создавање мртви агли во базенот. Стандардните дизни (од 18mm) се со проточност од 2 - 3m3/h.
ЗАВРШНА ОБЛОГА - ИЗОЛАЦИЈА НА БАЗЕНОТ



БАЗЕНСКИ РЕКВИЗИТИ
Скали, држачи, тушеви; За оваа група производи е мошне битно да се изработени од квалитетен материјал, особено доколку се работи за производи кои ќе бидат под различни надворешни влијанија. СКАЛИ: Неопходни се, доколку не се дел од конструкцијата на базенот, како бетонски скали, или, типски скали на полиестерскиот базен . Најбитно е да се со цврста конструкција, едноставни за вградување и подоцнежна демонтажа, а газиштата да не се лизгаат. Постојат различни модели, зависно од рабните детали на базенот.
ПОДВОДНО ОСВЕТЛУВАЊЕ Подводното осветлување во значителна мерка влијае врз естетскиот изглед на базенот. Стандардните рефлектори се од 300W/12ВV Во бетонските базени се вградуваат специјални куќишта за да обезбедат непропустност на водата, додека во бетонските базени со ПВЦ лајнери, се вградуваат рефлектори со затворачи. Со секој тип оди соодветна разводна кутија.
ПОДВОДНО ОЗВУЧУВАЊЕ Музика во необичен амбијент - под површината на водата, станува се побаран дел од базенската опрема. Лесно и се вградува, особено доколку во базенот е поставен соодветен модел на подводни рефлектори. Во тој случај доволно е да се демонтира рефлекторот, а на неговото место да се вгради подводни звучник со својот приклјучен кабелом и тоа е се. Ист принцип на вградување важи и за новоизградените базени, но тогаш веднаш се набавува само куќиштето со подводниотčзвучник.
ВОДЕНИ ИГРИ: Водените игри претставуваат хидротехнички елементи и уреди со кои значајно се збогатува содржината и начинот на експлоатација како на семајните, така и на јавните базени. Кај семејните базени, со вградувањето на водените игри се компензира големината на базенот се рационализираат трошоците на одржувањето.
BADU JET: Уред за забава, спорт и рекреација. Овозможува пливање во место, подводна масажа и џакузи ефект.
Постојат различни модели кои освен по силата на пумпата, а со тоа и сила на водениот топ, се разликуваат и по материјалот од кој се изработени. Но, принципот на уредите, без оглед на моделот е мошне едноставен. Уредот со кој се овозможува исфрлување или вовлекување на водата се наоѓа внатре во вградбениот елемент и маската што се вградуваат во базенот. Уклучувањето / исклучувањето и дотерувањето е со притисок на PH копчето, кое се наоѓа на маската. Како и во повеќето случаи и овде Ви е потребен стручен совет за за што SANTEM-FF Ви стои на располагање.
ЧИСТЕЊЕ НА БАЗЕНОТ :употреба на Dolphin роботи и усисивачи;
Рачните и автоматски четки и усисивачи служат за отстрнување начнечистотијата од дното на базенот. Постојат рачни подводни усисивачи, кои спаѓаат во основната опрема, полуавтоматски и автоматски подводни усисивачи кои спаѓаат во дополнителна опрема.
• Рачни базенски усисивачи;
• Автоматски базенски усисивачи;
Рачни базенски усисивачи; Основната намена е чиатењето на дното на базенот. Составени се од држач и четка на која е приклучена цевка која на другиот крај е приклучена на скимер или на посебен приклучок за усисување. Силата на филтрациската пумпа ја повлекува нечистотијата заедно со водата до филтерот, каде што таа се задржува, а филтрираната и чиста вода се враќа во базенот.
Автоматски базенски усисивачи; Заједничка особина на овие уреди е што во определени временски периоди, самостојно, пристапуваат кон чистење на дното на базенот. Се делат на автоматски усисивачи без или со сопствен погон и филтери.
ПРЕКРИВКА ЗА ЗАШТИТА
Специјалната прекривка што лежи на површината на водата е со повеќе фукции: овозможува догревање на водата и практично ја продолжува сезоната за бањање. Спречува ладење на водата во текот на ноќтаćи во студени денови. Спречува испарување на водата, а со тоа и на средстава за кондиционирање на водата, со што обезбедува подобар хемиски состав и хемиска стабилност на водата. Спречува заматување на водата од прав, мовла и други нечистотии. Конструкцијата на прекривките овозможува еден човек лесно и да го покрива и да го открива базенот.